Радио Милева

Шокиран: Македонскиот пејач го послужи среќата тој ден да не помине низ мостот во Џенова!

Шокиран: Македонскиот пејач го послужи среќата тој ден да не помине низ мостот во Џенова!

Деновиве голема трагедија се случи во Италија кога се сруши мост во близина на градот  Џенова.

Новинската агенција АНСА информира дека најмалку 11 луѓе се загинати и еден преживеан е извлечен од урнатините.

Во извештајот се вели дека најмалку 10 автомобили биле на делот од мостот кој се урна.

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее во Џенова истакна дека тој требало да помине низ мостот кој се срушил.

Ви благодарам на сите за пораките… јас сум добро, дома сум шокиран… имам пројдено на тој мост илјадници пати а и денеска требаше да поминам на истиот, напиша Благој на својот Фејсбук профил.

Како причина за урнивање на мостот се наведува застарената инфраструктура.

фото: Фејсбук

To top