Фолк пејачката Нада Топчагиќ отсекогаш важела за храбра јавна личност која во текот на својата кариера ги кршела табуата.
Оригиналниот сценски настап секогаш беше проследен со екстравагантна гардероба, но и со фотографии кои беа неколку децении пред своето време.
Сега се појави уште една од смелите фотографии каде Нада има оригинален стајлинг. Таа позираше без градник, облечена само во светкав блејзер. Сензуалниот изглед и малку напучените усни јасно покажуваат дека Топчагиќ знаела да ја истакне својата сексипилност во младоста.
View this post on Instagram
Фотографијата која кружи на интернет и социјалните мрежи е создадена кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.
Фото: Принтскрин/Инстаграм