Радио Милева сите арканови наследници...

Шокантна исповед на ќерката на Аркан од првиот брак: „Со Цеца не се прави муабет… со неа не може да се разговара за наследството што го остави татко ми“ (ФОТО)

Шокантна исповед на ќерката на Аркан од првиот брак: „Со Цеца не се прави муабет… со неа не може да се разговара за наследството што го остави татко ми“ (ФОТО)

Деновиве се навршија  22 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Неговото семејство како и секогаш отиде на гробиштата и одржа панихида. Таму беа неговите деца од бракот со Светлана Цеца Ражнатовиќ Вељко и Анастасија, додека другите во тоа време не дојдоа. Не присуствуваше ниту Софија Ражнатовиќ која живее во Белгија.

Два дена по комеморацијата, таа ќе стапи во контакт со редакцијата на српски Курир и откри некои засега непознати детали од врската со нејзиниот покоен татко. Ќерката на Аркан, која ја добил од врската со  социјалната работничка кој се грижела за него во белгискиот затвор додека тој таму издржувал казна, се осврна и на нејзиниот однос со фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, за која вели дека е тешко да се разговара за поделба на имотот кој Аркан го оставил.

„Родена сум во Гент, а не во Брисел и живеам во таа област. Во животот на татко ми сум присутна уште од дете. Родена сум во 1979 година и мајка ми од раѓање ме одведе во затворот кај татко ми. Кога бев на одмор често доаѓав кај баба ми и тетка ми во Србија. Татко ми Аркан во еден момент исчезна од животот на мајка ми и таа повеќе не се слушна со него“ – изјавила на почетокот Софија, која била повредена од написите дека нејзиниот татко за неа дознал дури во 1991 година.

„Тато редовно ми испраќаше фотографии. Кога се ожени со Цеца, мајка ми му испрати честитка и му посака се’ најдобро. Имав околу петнаесет години. Тогаш дознав дека тој е мојот биолошки татко. Од 1995 година често доаѓав во Белград и го поминував времето со татко ми и неговата сопруга Цеца и другите членови на семејството“ – изјавила Софија.

Таа вели дека присуствувала на погребот на нејзиниот татко.

„Бев со Борислав Пелевиќ. Често доаѓав на панихида, особено по 2010 година. Никогаш не се криев од медиумите, за жал, новинарите само сакаа да ја снимаат Цеца и нејзините деца. Не ја сакам неправдата и се надевам дека ќе напишете она што е вистина. Ние, сите седум деца на Аркан без Анастасија и Вељко, бидејќи беа многу мали, многу страдавме поради загубата на нашиот татко. Се обидовме да бидеме силни и да се бориме за она што ни припаѓа. За жал, ништо не добивме за возврат“ – тврди Ражнатовиќ. Таа вели дека денес не е во добри односи со фолк ѕвездата:

„Жал ми е што Цеца не може да разговара како сериозна, одговорна личност и отворено да каже што навистина се случило по смртта на татко ми. Ние го сакаме само она што ни припаѓа, а тоа е дел од нашиот татко. Во Европа секој добива дел од наследството кога ќе почине родител. Нашиот живот штотуку започна и ние исто така сакаме да продолжиме понатаму и секое нешто што ни следува е повеќе од добредојдено. Аркан не беше само сопруг на Цеца туку и наш сакан татко“ – децидна е неговата ќерка Софија.

Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic

Поврзани теми

To top