Радио Милева ја отвори душата

Шокантна исповед на Дарко Лазиќ: Бев подготвен да кренам рака на себе, ако останев неподвижен по тешката сообраќајка (ФОТО)

Шокантна исповед на Дарко Лазиќ: Бев подготвен да кренам рака на себе, ако останев неподвижен по тешката сообраќајка (ФОТО)

Таа кобна вечер спиев, бидејќи работев четири ноќи по ред. Еден другар ми се јави и ме покани на прослава и станав, се облеков и тргнав  затоа што сакав да му направам чест. Испив четири ракии со него, што не е ништо за оној што може баеги да испие.

Потоа си тргнавме дома. Го однесов другарот до Печинци и продолжив кон Брестац. Во еден момент, многу ми се приспа, па застанав покрај патот и го отворив покривот за да ме пресече студениот воздух. Но, ми беше многу ладно, па го затворив и го пуштив греењето во автомобилот. Е тоа „ме уби“. После тоа  буквално не се сеќавам на ништо…

По повеќе од 20 дена се разбудив од кома. Не се сеќавам воопшто на болниците во Земун, зашто за цело време, бев под седативи. Кога ги отворив очите, мислев дека сè е кошмар. Слушнав сè, гледав, но бев парализиран. Дежурната медицинска сестра ми рече дека сум плачел од болка, дека сум ги искорнал сите електроди од мене … Беше гадно. Се плашев дека повеќе нема да можам да одам, особено кога видов дека бев расечен и шиен  во средината на телото и дека не можам да се движам. Прашав: „Ќе можам ли да одам?“, ми кажаа дека ќе можам. Не бев сигурен, па ја прашав сестра ми, која ми рече: „Мислам дека сè ќе биде добро“.

Бев разочаран во себе што дозволив сето ова да ми се случи само за да ги испочитувам другите. Психички „пукнав“! Ако ми кажеа дека ќе останам парализиран, би рекол: Не! Подобро нека ме нема, не ми е потребен таков живот.  Бев подготвен да кренам рака на себе, ако останев неподвижен. Тогаш само би им бил на товар на сите.


Престојот во Селтерс бања најтешко го доживеав. Таму бев најагресивен, најнервозен, плачев секој ден. Паднав во депресија затоа што бев во инвалидска количка, што не можев да станам на нозе. Се обидов со помош на терапевтот да се исправам, но не можев. Не можам да ја движам мојата десна нога дури и денес, заради стопалото. Ми рекоа дека на таа нога ќе имам вечна парализа. Депресивен сум заради ова, но во медицината два и две не се четири. Никогаш не се знае, бидејќи медицината напредува од ден на ден. Учам да живеам со ова, бидејќи лесно можеше и да ме нема.

Секоја друга жена, во таква ситуација, ќе се откажеше од сè и ќе кренеше раце, можеби и ќе абортираше, бидејќи не се знаеше дали ќе останам жив. Но, Марина покажа дека е со мене кога беше најтешко. Таа одлучи да роди по секоја цена и дури и даме немаше мене. Поради сето тоа, таа ме фасцинираше. Што се претрпе покрај мене, а не мораше.

Ми кажуваат дека Ана била два – три пати во болница. Убаво од неа. Таа дури и не мораше да го стори тоа. Ана има свој живот. Нашата единствена заедничка тема е Лорена, па така и нека остане. Едноставно, не ни одеше и тоа е тоа.

To top