Радио Милева Тој е ама не е тој?

ШОК: Жанко „З’Ш“ сега дозна дека имал брат -„близнак“ во Америка (ФОТО)

ШОК:  Жанко „З’Ш“ сега дозна дека имал  брат -„близнак“ во Америка (ФОТО)

Повеќето од нас барем еднаш доживеале  изненадување, ама во вистинска смисла на зборот. Шок од некое сознание за кое сте биле до вчера убедени дека не е така… или не е можно! Епа можно е! Така мислеше и нашиот познат радио и ТВ водител Жанко „З’ш“ Голабоски, па кога дозна го дочека шок!

Имено, Жанко е лик кој е по многу нешта специфичен. И по физичкиот изглед и по карактер. Особено е впечатлив неговиот физикус кој толку уникатен, колку и неговиот имиџ, така што сите мислевме, а најмногу самиот тој, дека Жанко – „З’ш“ е уникат! Арно ама, дека не така се погрижи да го демантира Марк Цукенберг. Чичко Фејсбук – што би рекле. Токму  оваа социјална мрежа на Жанко му ги урна сништата дека е оригинал(ен)… лик.

Имено, „копајќи“ по неа, охридкиот водител дозна дека не е „one and only“ на овој свет!  Не барем во суратот, зашто во Америка се појави „копија верна на оригиналот“! Само со малку поинаку облечена, со поразличен имиџ!

Така наш Жанко „З’Ш“ сега дозна дека некаде по светов имал брат -„близнак“! Некое бате од Америка е… Или некое наше бате, одовде ќе да е, што добро го владее фотошопот, па го „фотокопирал“ Жанко и го спакувал во USA пакување. Него го фотошопира за нас да не шокира!

To top