Радио Милева Последен поздрав

Шок, солзи, неверување: Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Рада Манојловиќ, Драгана Мирковиќ и многу други се простија од музичката легенда

Шок, солзи, неверување: Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Рада Манојловиќ, Драгана Мирковиќ и многу други се простија од музичката легенда

Регионалните музички ѕвезди и фановите се во солзи, тага, неверување и шок по веста дека кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, трагично загина во сообраќајна несреќа откако пијан возач се удри во возилото во кое беше тој.

Шабан почина во болница во Германија, а по укажаната лекарска помош им подлегна на повредите од несреќата.

Неговите колеги преку социјалните мрежи се простија за последен пат и упатија сочувство до неговото семејство.

-Тешко ми е да прифатам дека ова се случи.Не верувам дека ова го пишувам.Голем, најголем. Горда сум на секоја секунда која ја минавме заедно на снимањата. Голема трагедија и тага.Почивај во мир…не знам што повеќе да напишам, се прости Јелена Карлеуша од Шабан.

 

View this post on Instagram

 

Prva asocijacija na detinjstvo, na ljubav, na mog tatu (koji se sa tom pesmom takmicio na raznim takmicenjima pevaca amatera), jeste najlepsa ljubavna pesma svih vremena i najlepsi glas koji smo ikada imali prilike da cujemo: “DODJI DA OSTARIMO ZAJEDNO” i Saban Saulic. Treba da budemo srecni i zahvalni sto nam je svima obelezio detinjstva, zivote, ljubavi, patnje, tuge i veselja, sto ga je Bog poslao bas nama, da svojim nestvarnim andjeoskim glasom miluje i probudi sva nasa cula… Jednako je i njegova dusa bila bozanstvena, a dobrota, skromnost i topla emocija isijavala iz ociju… Mislim da smo se, kako godine i zivot neumitno prolaze, svi negde potajno bojali i pitali sta ce biti sa estradom kada nam ne bude vise bilo Sabana, ko ce nam tako savrseno pevati, kad je on samo jedan, od Boga poslat? Zeleli smo da ga Bog sto duze pozivi, da jos malo uzivamo u tom nestvarnom vokalu, koji je otpevao i ostavio nam nebrojeno mnogo vanvremenskih hitova… Cinilo se nemogucim da nas kralj ikada napusti. I mislim da se to cinilo nemogucim, bas zato sto je on jos za zivota postao besmrtan. Jedan jedini, najveci, SABAN SAULIC, obozavan, nikada prezaljen i nikada zaboravljen. Porodici najdublje saucesce… ??

A post shared by Radmila Rada Manojlovic (@radamanojlovic) on

Првата асоцијација за детството, за љубов, за татко ми (кој со таа песна се натпреваруваше  во разни натпревари за аматерски пејачи), е најубавата љубовна песна на сите времиња и на повеќето,  прекрасен глас кој некогаш сме имале можност да го  слушаме: “Ајде да остариме заедно”- Шабан Саулиќ. Ние треба да бидеме среќни и благодарни што на сите го одбележа детството, живот, љубовта, страдањата, тагата и радоста, што Бог ни го испрати само за нас својот нереален  ангелски глас  да не милува и да ги  буди сите наши сетила … Подеднакво и неговата душа беше  божествена, а добрината, смиреноста и топлите емоции сјаеа  од очите … Мислам дека ние, како што минуваат годините и живот незапирливо, сите тајно некаде стравуваме  и се прашуваме што ќе се случи со нас кога шоу-бизнисот повеќе го нема  Шабан, кој толку  совршено ќе ни пее, кога е само еден, испратен од Бога? Сакавме Бог да го поживее, уште малку да уживаме во овој надреален вокал, кој ни остави безброј безвременски хитови … Се чинеше невозможно дека некогаш кралот ќе не напушти. Мислам дека тоа изгледаше невозможно, само затоа што тој е се уште жив стана бесмртен. Еден, најголемиот, Шабан Шаулиќ, обожуван, никогаш не заборавен и никогаш прежален. Најдлабоко сочувство на семејството, со дладоки емоции пишува Рада Манојловиќ.

 

View this post on Instagram

 

Otišao je najveći…. Neka Ti je večna slava, dragi Šale. Saučesće porodici… #tuga

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko) on

-Замина најголемиот…нека ти е вечна слава, драг Шале. Сочувство до семејството, напиша Жељко Јоксимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

Negde oko 05:30 sam se slucajno probudila i pogledala u telefon… Ne postoji adekvatna rec da opise stanje moje duse dok cita da te vise nema. Od kada znam za sebe znam i za tebe. Dok sam kao dete sedela u uglu restorana moje kuce u Kragujevcu i slusala te i ucila… Pa do danasnjeg dana kada sam odrasla osoba koju si nazivao svojom najboljom mladjom koleginicom. Znas ja skoro nikada nemam tremu… Ali trema i odgovornost koju sam imala one veceri kada si Ti mene nazvao da ti budem gost na koncertu u Sava Centru – e to je trema, to je postovanje i za mene veliki znak da je ono sto radim ispravno i dobro! Nije trebalo ovako da se zavrsi. Uporno govorim da je vazno ostaviti trag… A ti si ostavio neizbrisiv u nasim srcima! Sada stap u ruke, na camac i na tvoj Dunav u miru! Sabane, neka ti je vecna slava i HVALA! ??????????????????????????????

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

Некаде околу 5:30 случајно се пробудив и погледнав во телефон. Не постои адекватен збор да ја опише состојбата на мојата душа додека читав дека повеќе те нема. Од кога знам за себе, знам и за тебе. Додека како дете седев во ќошот на ресторанот од мојата куќа во Крагијевац, те слушав и учев. па до ден денешен кога пораснав во личност која ја нарекуваше своја најдобра млада колешка. Знаеш, јас скоро никогаш немав трема. Но, тремата и одговорноста која ја имав онаа вечер кога Ти мене ме повика да ти бидам гостин на концертот во Сава центар  -е тоа е трема, тоа е почит и за мене голем знак дека тоа што го правам е вистинското и добро! не тгребаше вака се да заврши. Упорно велам дека е важно да се остави трага… А ти остави незаборав во нашите срца! Сега стапот во рака, на чамец и на твојот Дунав во мир! Шабане, нека ти е вечна славата и Благодарам!, се прости и Марија Шерифовиќ.

-Тешко ми е да поверувам, бидејќи легендите не умираат!!!Ја користев секоја прилика да ти кажам колку те почитувам и сакам, но немав доволно прилики. Бескрајно ми е жал и нема зборови со кои би опишала колку сум тажна. Многу се радував на заедничкиот концерт во Љубљана, но…, пишува Драгана Мирковиќ.

-Заслужуваш место во Алеата на великаните… Драг мој пријателе, почивај воп мир меѓу ангелите…Многу ќе ни недостигаш… Најдобриот повеќе го нема, се прости и Цеца од Шабан.

-Збогум легендо, почивајте во мир, напиша и Анастасија Ражнатовиќ.

И Сека Алексиќ се поздрави од колегата.

-Патувај со ангелите, напиша таа.

 

To top