Пејачката Марија Шерифовиќ беше гостинка во емисијата „Премијера – викенд специјал“ каде што разговараше за многу теми.
Имено, Марија вчера славеше слава СВ. „Василиј Острошки“, а вчерашниот ден беше важен за неа бидејќи во 2007 година победи на Евровизија.
„Прво ќе ме фати некоја тага, па среќа. Видов дека сум слободна за оваа Евровизија, им порачав на луѓето да гласаат за својот фаворит, нашите соседи се многу активни, гласаат за Србија, за Невена Божовиќ, а јас ќе гласам од своите мобилни телефони“ вели Марија.
Како што е обичај во оваа емисија, водителите ја прашуваа Марија прашања кои ги поставуваат фановите на нивната Фејсбук страница, а едно од прашањата беше дали нешто и значи еден хотел во Чикаго.
„Зачната сум во тој хотел. Мојот татко малку беше пијан, па расположен. Верица и тој, ете ме мене“ изјави пејачката.