Откако старлетата Тијана Ајфон на социјалните мрежи сподели оглас за продажба на дел од салонот за убавина кој го води во српската престолнина, нејзините следбеници ја пречекаа „на нож“.
„Кога попрво пропадна бизнисот?!“, „Не грижи се Тијана, секогаш ќе има работа за тебе, ако ме разбираш“, „Враќање во реалноста“, „Помина многу време“, следуваа бескрајни коментари, а Тијана се огласи и објасни како стојат работите.
– Луѓе, не го издавам салонот, туку дел за фризери. Напишав убаво „дел за фризери“ кој е опремен и се е вклучено во цената. Не пропаднав. Не се насладувајте. Само се шириме. И, да, додавам уште еден солариум – изјави Максимовиќ преку Инстаграм.
Да потсетиме, Ајфон откако стави точка на својата реалити кариера, односно на повеќегодишното учество во реалното шоу програмата „Парови“, отвори салон за убавина, а во исто време почна да креира линија на костими за капење и облека, а тоа и оди многу добро.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тица Максимовиц/Дамир Дервишагиќ