Иако можеби мислите дека пејачите едвај чекаат да бидат снимени и да се појават пред камера, тоа не е секогаш така.
Пример за тоа е фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која на една приватна прослава многумина изненади со својата бурна реакција.Цеца запеа еден од нејзините хитови, кога еден од присутните тргна да ја снима со мобилниот телефон.
Сепак, од некои само нејзе познати причини, на пејачката ова многу и пречеше. Таа дури и стана на кратко од масата, нервозно мафтајќи со својата слободна рака во која не го држеше микрофонот, давајќи знак дека треба веднаш да престанат да ја снимаат. Видеото се замати и се прекина во истата секунда, што покажува дека лицето веднаш го послушало барањето на пејачката.
Еве како сето тоа изгледаше:
View this post on Instagram