Радио Милева
парите не биле проблем

Шок исповед на Милан Поповиќ: „Северина ја крие својата дијагноза, бараше да се уништат сите докази“

Шок исповед на Милан Поповиќ: „Северина ја крие својата дијагноза, бараше да се уништат сите докази“

Милан Поповиќ веќе со месеци води судски пресметки со својата поранешна партнерка, пејачката Северина Вучковиќ. Сега за прв пат призна дали вистински ја сакал, но и колку пари потрошил додека биле заедно.

– Ја сакав медиумската Северина, а не вистинската – рекол Поповиќ и открил дали потрошил цело богатство на неа:

– За мене беше прифатливо и нормално да се плати. Но, никогаш не мислев дека тоа е трошок се додека добро се забавуваме. Тогаш започнаа необјаснивите промени на емоциите. Од плачење, лелекање, до еуфорија. Немам право да обвинувам некого дека е болен, но сега кога имаме дете, важно ми е да е стабилна. Треба да се лекува – изјави  во емисијата „Сценирање“ на водителката Љиљана Станишиќ

На прашањето на водителката дали Северина се дрогира, Поповиќ не сакаше да даде конкретен одговор, оградувајќи се дека тоа го кажала сестрата на пејачката.

– Маријана тврди дека Северина се дрогира. Таа информација ја пренесов во Центарот за социјална работа и побарав од експертите да направат анализа – вели тој и додава:

– Мислам дека има гранично растројство на личноста. Има трауми што ги преживеала кои можеле да доведат до такво нарушување. Не постои лек за ова, но може да се лекува. Знам дека оди на терапија. Кога отиде на психијатар, доби 3 F дијагнози, но кога бевме на суд, таа не сакаше да зборува за тоа. Таа побара од психијатарот да ги искине доказите – заклучува Поповиќ.

фото:Пинк принтскрин/Ало.рс

Останати вести од Радио Милева