Истакнатата белградска лекарка, специјалист за пластична и реконструктивна хирургија, која беше омилена во медицинските кругови, но и меѓу членовите на српскиот џет сет и српската естрада, Виолета Скоробаќ Ашанин (50) вчеравечер, 14 јуни 2020 год. си го одземала својот живот во семејниот стан во центарот на Белград. Таа беше омилен хирург, а меѓу нејзините клиенти беа и познати презентерки, пејачки, но и политичари.
Докторката била во станот со сопругот и синот и им рекла дека оди во тоалет. Откако забележале дека ја нема веќе долго време ја повикале но таа не се одзивала. Вратата од тоалетот била заклучена, па мажот и синот ја скршиле бравата. Кога влегле во тоалет, наишле на ужасна сцена – докторката лежела во облиена во локви со крв и нож со сечило од 20 цм покрај телото, на кое во пределот на срцето имала две длабоки убодни рани. Повикале полиција и брза помош, но и по повеќе од 50 минутните обиди за реанимицаија, лекарите не успеале да ја спасат својата колешка, која на смрт искрварила!
Виолета беше избор на српски sвезди и заради тајноста што таа им ја гарантираше при интервенциите. Водителките Маја Манојловиќ, Милица Бурсаќ, Сања Радан, пејачките Сека Алексиќ, Гога Секулиќ, покојната Ксенија Пајчин, потоа Радиша Трајковиќ Ѓани и неговата сопруга Слаѓа, многу ги ценеле методите за разубавување на д-р Виолета.
Докторката со импресивна биографија била омилена кај пријателите, кои биле од сите сфери на животот, а информациите дека таа се самоубила ги шокираше и ги вознемири сите. Никои од нив не можела да поверуваат дека станува збор за самоубиство, затоа што Виолета премногу го сакаше животот и себеси.
Од интервјуата што ги даде во последните години, не може ни да се претпостави мотивот за овој чин. Имале среќен брак, сакала патувања и вино. Најдобро од сите таа ги правела корекциите на градите, поради што била многу барана.
Фото: Диона.рс/Инстаграм принтскрин