Пејачката Милица Павловиќ денеска го слави својот 30 -ти роденден, а направи голема забава во главниот град на Србија, на која ги покани сите драги луѓе.
– На моите забави секогаш ќе биде одлично, ќе има одлична атмосфера, сите ќе се релаксираат! Сакам тематски забави, така ќе биде и овој пат. Погледот од тука е прекрасен, ние сме под ведро небо, кој знае, можеби ќе видам ѕвезда што паѓа, па ќе си замислам желба!, вели Милица од Калемегдан со насмевка на лицето.
– Никогаш повеќе не сакам да го слушам зборот „ковид“ во животот. Тоа е моја желба. Не можам да поверувам колку пати сум го слушнала само во претходниот период. Да ми кажеше некој дека ќе биде вака, немаше да верувам, додаде Павловиќ.