Мегафон опозицијата го возврати ударот

Шилегов се пофали дека е спремен да го руши „Скопје 2014“, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје му возвратија: „Скопје го гази недоветен арамија“

Шилегов се пофали дека е спремен да го руши „Скопје 2014“, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје му возвратија: „Скопје го гази недоветен арамија“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“.

„Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје“ –  рече Шилегов.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, регираше на интервјуто на градоначалникот Петре Шилегов во ТВ Телма, па на зборовите на скопскиот градоначелник советниците соодветно му возвратија:

„После 4 години бедно владеење на градскиот татко, единствено Шилегов го сруши плочникот на плоштад кој со месеци не може да го поправи. Така да Шилегов може да се сруши само себе си.
Еден совет, пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете, досега од вас Скопје виде само лепливи прсти. ВМРО-ДПМНЕ изгради велелепен град, Шилегов насади гинко дрво кое се исуши. Скопје наместо градски татко, го гази градски недоветен арамија.Она што за Заев беше живот за секого, сега за Шилегов е “ќе го рушиме Скопје 2014”. Дури и за рушење треба работа, а познавајќи ја мрзата и неспособноста на Шилегов, и во натпревар за најнеспособен би бил на второ место, зошто е неспособен!
П.С. Скопје не е чашка да ја испиете, Скопје е приказна која е поголема од вас“.

To top