Радио Милева сродни души...

„Шестмесечна годишнина“ на вљубените гулапчиња: Игор и Илина – прво полугодие! (ФОТО)

„Шестмесечна годишнина“ на вљубените гулапчиња: Игор и Илина – прво полугодие! (ФОТО)

Тие се едни од малубројните за кои  воопшто може да се каже дека им се случило најубавото нешто во изминатиа „апокалиптична корона година“… А им се случи љубов! И тоа по подолга пауза во нивните животи, во кои обајцата засебно беа и познати и признати и славни и популарни… иако, емотивно, можеби не најсреќни! Врвни, секој од нив на свој начин, во својата професија, еснаф, хоби… се разбира! Тој уметник во животот, таа уметник на живеењето.

Тој артист, автор, изведувач, пејач, писател… „ортак на пороците“, боем! Таа спортски нарав, здраво тело, чист дух, симбиоза на сила, мускули и интелект… преточени во знење, умеење и ретки вештини.

Тој понекогаш „нежен како девојче“, таа на моменти силна „машкоданка“… Плус и минус, грнче и капаче и… колку и да изгледа спојот – неспоив, очигледно теоријата дека „спротивностите се привлекуваат“ и тоа како важи… А во нивниот случај и функционира! И тоа цели 6 месеци!

Игор Џамбазов и Илина Арсова, уметникот и спортистката, актерот и планинарката,  две тела – една душа, се веќе половина година неразделни!

Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото…“ – напиша Џамбазов на еден од своите профили споделувајќи уште една заедничка фотографија со саканата на социјалните мрежи, на кои вљубената двојка важи за една од најпопуларните. Синоним за среќа од ново „по стари“… Добро, ајде, не по стари, туку во „зрели години“.

Фотографијата брзо собра голем број лајкови и коментари, а многумина од нивните пријатели, од кои и некои познати личности им ја честитаа првата половина од првата заедничка година – љубов!

Меѓу меѓу првите што им честиташе, разбирливо беше  неговата тетарска (вон)брачна партнерка од „Брачна игра“, колешката Весна Бејби Петрушевска, која им порача:

„Ооо муциња, па вие имате шестмесечна годишнина“ -напиша Бејби, а поп дивата Калиопи им испрати емотикони со две срциња. Истото го направија и Сузана Турунџиева и Сања Лефкова, а Ребека им порача: „Две сонца, мои…“, додавајќи емотикони со сонца и срца.

Честитки, поздрави, бакнежи, пораки со убави желби исполнети со најразлични емотикони, всушност стигаа од сите страни. А како и не би, кога „децата сакав се“, што би рекла една нивна пријателка, а и народот – „сакав ги“!

Зашто тие како малкумина ги освоија симпатиите на јавноста со љубовта отсликана на своите споделени фотографии. Толку различни, а сепак сродни души на кои им посакуваме нивното заедништво и љубов да потраат… довека!

 

 

 

To top