Поминаа 27 години од емитувањето на сцената во која актерката Шерон Стоун во текот на полициското испитување ги прекрстува нозете и на тој начин открива дека не носи гаќички.
Со оваа сцена од „Ниски страсти“ актерката ја освои публиката, освои награда „Златен глобус“ и ја доби титулата „секс бомба“.
На доделувањето на наградите на магазинот „ GQ“ во Берлин, Шерон ја повтори оваа сцена.Откако ја доби наградата за жена на годината, Шерон седна на сцената за да одржи говор.
„Пред неколку години седев на сцената и режисерот ми кажа да ги соблечам гаќите бидејќи во таа сцена не требаше да ги носам бидејќи се гледаат. Јас прифатив. Не знаев дека тој момент ќе ми го промени животот“ вели актерката.
Интересно е што Шерон не била прв избор за улогата во „Ниски страсти“. Имено, актерката Мишел Фајфер во едно интервју откри дека и била понудено да биде дел од „Ниски страсти“, но таа ја одбила улогата.
„Точно е дека ја одбив таа улога, но постојат многу причини зошто одбиваш некој проект, не мора да е само затоа што не сакаш да го работиш.Понекогаш постојат конфликти, понекогаш си започнал друг проект“ вели актерката.
Шерон на филмската сцена е присутна од 1980 година, а зад себе има два пропаднати брака.
Во 2001 година, Шерон доживеа мозочен удар и докторите предвидоа дека се многу мали шансите да преживее. Актерката со години не можеше да зборува и да пишува, но преживеа и понатаму е секс бомба.