Актерката Шерон Стоун откри кој од нејзините филмски партнери најдобро се бакнува.
Кога Енди Коен ја праша во емисијата „Гледај што се случува во живо“ кој од нејзините колеги се бакнува најдобро, а кој најлошо, таа веднаш како „од пушка“ одговори:
„Роберт Дениро сигурно најдобро се бакнува“, рече таа.
Двајцата, инаку, се бакнаа во филмот „Казино“ од 1995 година, а судејќи според тоа како го пофали, бакнежот сигурно и останал во долго и пријатно сеќавање.
„Навистина му се восхитував. Само сакав да седам на маса со него. Можеби само затоа што го сметав за толку посебен, тоа беше совршен бакнеж за мене“, рече таа.
Таа потоа се пошегува дека тој не можел дури ни да стори нешто погрешно.
„Бев толку луда по него што можеше да ме удри со чекан во главата и пак ќе бев воодушевена. Беше прекрасно. Не можам да споредам ниту еден друг бакнеж на филм со неговиот. После тоа, сите беа така-така“, заклучи Шерон.
Фото: Профимедиа/Јутјуб
Видео: јутјуб