Бергузар Корел неодамна на свет го донесе своето трето дете, ќерката Лејла.
Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографии од породувањето, а турската актерка изгледа многу изморено. Нејзиниот сопруг Халит Ергенч бил покрај неа.
Бергузарар објави фотографии од породувањето и откри низ каква драма поминала.
-Приказната на Лејла е едноставна уште од првиот ден. Покрај сите болки кои ги имав кога излегов од дома, си реков: Ова девојче ќе можам да ја родам дури во 10 часот наутро. Пред крајот на 40тата недела докторот ми кажа: „Постои причина зошто бебето се уште не е родено, можеби папочната врвка му е кратка.
Времето поминуваше, моето тело беше подготвено, но таа не се појавуваше. По 11 болни часови,Лејла е родена во времето во кажав, точно во 10 ч наутро, со папочна врвка околу вратот. Конечно можев да ја прегрнам нашата ќерка…Имав среќа што покрај мене имав прекрасен тим на доктори, на кои здравјето на мајката и детето им беа на прво место“, напиша актерката.
Убавата Шехерезад сега ужива со сопругот и нејзините деца во домот на Босфор.
фото: инстаграм