Актерката Бергузар Корел или позната како Шехерезад од серијата „1001 ноќ“ ја изненади јавноста кога пред неколку дена јавно го прозва својот сопруг Халит Eргенч или позната како Онур.
Имено, на телевизија се прикажувала серијата во која игра актерот. Во таа епизода, Халит дознава неговиот син е дете на неговиот најдобар пријател.
Тоа сознание потполно го растажи, а неговата сопруга го прозва актерот, но и режисерите на серијата.
„Изморена сум од вас.Како може ова да им го правите на луѓето. Нема повеќе да ја гледма ова серија. Не можам“, напиша Бергузер, на која сопругот и остави коментар: „Не го очекував ова од тебе“.
„Не ми се допаѓа во која насока оди филмот, не ми се допаѓа твојот лик. Зошто прифати вакво нешто“, се пошегува актерката, а пријателите и порачаа дека не треба јавно да пишува такви коментари.
Инаку, се шпекулираше дека познатиот пар се разведува, но тие не ги коментираа овие гласини.