Радио Милева

Шехерезад или сега попозната како Азизе проговори за бракот, мајчинството и синот Али

Шехерезад или сега попозната како Азизе проговори за бракот, мајчинството и синот Али

Славната турска актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад од „1001 ноќ“ и Азизе од „Ранета љубов“, за турскиот портал „Сабах“ проговори за приватноста и детали околу бракот, мајчинството, како и тоа дека посакува повторно да стане мајка на машко дете.

Со актерот Халит Ергенч таа е во брак 10 години и го имаат 9 годишниот син Али. На прашањето дали по 10 години заедно се менува дефинифијата за брак, таа вели:

-Како кај сите, така и кај нас. Се разбира, тоа се менува, се трансформира, но никогаш не ја губи својата вредност, доколку е вистинска се разбира, вели убавата Бергузар.

фото:инсатграм

Таа открива дека и недостигаат 90-тите години, а бидејќи растела во тоа време сега многу работи и се чудни, а оние старите се повеќе и фалат.

-Мислам дека имавме подобро и поквалитетно време. Колку-толку бевме побезгрижни, барем како деца. Имам 36 години и чувствувам голем недостаток на таа ера .

Кога е во прашање иднината на нејзиното синче Али, Бергузар одговара дека се околу него е базирано на трпеливост.

фото:инсатграм

-Се обидуваме да го израснеме на според нас вистинскиот начин. Ние мора да ги учиме нашите деца трпеливост. За нив треба да бидеме трпеливи. Али, тој е среќен со својот едноставен живот.

Сакате ли повторно да бидете мајка?

Да, како не. Се надевам. Би било убаво ако Али има брат. Го сакам мајчинството, открива Бергузар и завршува со тоа дека синчето е музикално и сака да свири на тапани.

To top