Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева официјално е со ковертирана оставка на болeдување. А „боледува“ на непозната локација, од непозната дијагноза! всушност дијагнозата е оддамна позната, ама ја кријат, како што ја кријат и неа по афepaта ,,Peкет” со нејзиниот близок пријател Боки 13.
На социјалните мрежи се појавија видео и фотографии кои наводно се снимени денес, а на нив пак, наводно се наоѓа Јанева. како во еден скопски салон за убавина, и прават фризура!
Се подготвува ли тоа „шефицата во оставка“ за настап во јавноста или некој сакал да и го украде шоуто и себе си да си ја припише славата, па стари снимки и фотографии прикажува како да се од денес, е прашање за дилема?
Кога веќе сите крадат, зошто да не? Можеби така си рекла дотичната личност па пробала да ги замени фотографиите и видеата по принципиот „старо за ново“! Или можеби навистина, „село гори, Ката се чешла?“