Радио Милева Каде лежи зајакот?

Шеф Никола се огласи јавно по објавата на шеф Марк дека повеќе нема да бидат колеги пред камерите на „Брза кујна“ (фото)

Шеф Никола се огласи јавно по објавата на шеф Марк дека повеќе нема да бидат колеги пред камерите на „Брза кујна“ (фото)

Деновиве преу социјалните мрежи, познатиот готвач познат од ТВ екраните, Шеф Марк, се огласи со објавата дека повеќе нема да биде дел од следната сезона на популарното кулинарско шоу „Брза кујна.“

Марк де Јонг информираше дека по поминати 7 сезони во шоуто подготвен е за нови предизвици. Претходно пак имаше објава во која што напомна дека „се надева оти е јасно зошто нема да биде дел од следната сезона на Брза кујна“.

 

Следеа многу коментари и претпоставки зошто со таква одлука…

Едни пишуваат дека не знаат зошто, други дека им е жал што повеќе нема да го гледаат, а трети пак претпоставуваат дека причината е тоа што кујната на шеф Никола најчесто победувала.

За тоа дека неговиот колега си оди од шоуто, се огласи и шеф Никола кој вели:

-После седум успешни сезони, после 1400 емисии, околу 6000 различни рецепти и многу интересни моменти, патиштата ни се разделија. Шеф Марк, ми беше чест и задоволство и предизвик да работам и снимам со тебе. Остави со сигурност голем печат во „Брза кујна“, но сигурен сум каде и да одиш ќе бидеш победник и еднакво успешен. Еј стрико, остаревеме заедно (се смее). Вака се започна, пишува Никола објавувајќи фотографија каде држи списание каде на насловната страница е шеф Марк.

 

Инаку, во досегашните сезони на популарното кулинарско шоу , дополнително пред камерите се појавија уште двајца готвачи, Бобан и Филип, но само за неколку емисии какко засилување на Марк и Никола.

Кој ќе го замени познатиот Марк, останува да видиме до почетокот на новата сезона.

To top