Радио Милева новогодишна еуфорија

Шеф Никола од „Брза кујна“ го покажа новогодишниот амбиент во домот (фото)

Шеф Никола од „Брза кујна“ го покажа новогодишниот амбиент во домот (фото)

Остануваат уште две недели до 31 декември и до крајот на новата година која ја одбележа пандемијата со коронавирусот која се уште трае.

Иако остануваат уште две недели до крајот на 2021 година, новогодишната еуфорија е далеку од она што беше некогаш, но сепак луѓето се обидуваат на миг да ја почувствуваат новогодишната магија и празничното расположение.

Некои од познатите започнаа со украсување на домовите во новогодишно руво и покажа како изгледа празничното расположение во нивниот дом.

Сузана Гавазова, Александра Накова, Миа Костова на „Инстаграм стори“ ги покажаа новогодишните елки.

Александра Накова ја накити елката, ама… кој ти гледа сијалички и лампиони, покрај вакви бујни силикони? (ФОТО)

Овој пат, шеф Никола од „Брза кујна“ ја покажа накитената елка во неговиот дом.

Имено, тој во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од накитената елка со црвени и бели лампиони, а покрај неа позираат неговите деца.

Инаку, готвачот има две ќерки и синче, а 2021 година дефинитивно ќе ја памети раѓањето на неговата ќеркичка.

фото: принтскрин/инстаграм/никола мишковски/ фејсбук

To top