Радио Милева манџата загоре

Шеф Марк пред камери проговори дека со шеф Никола не се во добри односи: „Таков човек игнорирам комплетно“ (видео)

Шеф Марк пред камери проговори дека со шеф Никола не се во добри односи: „Таков човек игнорирам комплетно“ (видео)

Поминаа доста време откако шеф Марк де Јонг не е дел од кулинарското шоу „Брза кујна“ каде беше цели седум сезони, а на негово место дојде шеф Бобан. Марк набрзо потоа се впушти во нов телевизиски прект насловен „Авантурите на Марк“, кој патем одлично му оди, но темата „Брза кујна“ никако да олади.

Кога Марк го напушти шоуто од каде го запознаа и засакаа гледачите, оние кои се инволвирани во проектот беа со резервирани изјави околу тоа зошто шеф Марк заминал, па дури и самиот тој тогаш не ја кажа јавно причината за занимувањето.

Тогаш само шеф Никола Мишковски со кого беа нераздвојни приватно и пред камери изјави дека му било чест и задоволство да работи со колегата Марк.

-После седум успешни сезони, после 1400 емисии, околу 6000 различни рецепти и многу интересни моменти, патиштата ни се разделија. Шеф Марк, ми беше чест и задоволство и предизвик да работам и снимам со тебе. Остави со сигурност голем печат во „Брза кујна“, но сигурен сум каде и да одиш ќе бидеш победник и еднакво успешен. Еј стрико, остаревеме заедно (се смее). Вака се започна, пишуваше тогаш Никола објавувајќи фотографија каде држи списание каде на насловната страница е шеф Марк.

Помина време, Марк почна со новите снимања, па реши и јавно да прозбори каде „лежи зајакот“, а исто така и да покаже дека за него не згаснала ниту љубовта за пред камерите, а најмалку за готвењето кое е негова примарна пасија и професија.

-Се случија некои осцилации во односот на екипата кон мене. Ситуации и зборови кои премногу ме повредија, ми ја одземаа енергијата и креативноста, не се чувствував повеќе среќен, а кога не си среќен, треба нешто да смениш, нели? Без љубов и позитивна енергија нема успех. Затоа и одлучив дека ми е потребен нов предизвик, нешто ново“, искрен беше и тогаш Марк во интервјуто за Арткујна.мк.

И таман кога помисливме дека „манџата е ладна“ , повторно се огласи Марк, нешто подиректен во емисијата на Јутјуб „Ти реков, ми рече“ кај Давид Давидовски кој повторно ја начна темата и парша дали се скарани со Никола?

-Не сакаран, игнорирам комплетно. Таков човек за мене… Си го покажа вистината, за мене доволно ми беше и доста, се става крај и не се продолжува. Он си знае, јас си знам, вели Марк, резервирано но со јасна слика за тоа дека зачините во односот меѓу нив едноставно не се мешаат.

Што конкретно кажа Марк погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon)

фото:Facebook/ Mark De Jong/ beza kujna

To top