Серијата „Преспав“ ги освои присутните низ Македонија и е едена од најгледаните серии кај нас.
Ула, Талат, Марио, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Коста со своите улоги и карактеристики го задржаа вниманието на публиката.
Доколку не сте занеле, вистинската адреса, односно местото каде настануваат сите згоди и незгоди од сценариото или локацијата на снимање, е во Македонската телевизија која постави автентична сценографија.
Неодамна, заврши третата сезона која ги сруши сите рекорди, а наскоро се очекувас да се снима и четврта сезона.
Готвачот од „Брза кујна“ го искористи слободното време и заедно со најмилите го помина времето во Отешево, во пансионот „Преспав“.
Тој на социјалните мрежи се пофали со неколку фотографии и се пофали дека преубаво си поминале.
„Преспавме во „Преспав“. Убавина заборавена, чист воздух,здрава исхрана и добра услога.Одлично сместување, газди со големо срце“, напиша Марк.
фото: фејсбук