На Шако Полумента на настап во Лесковац му бил украден мобилиниот телефон, а пејачот ги откри деталите за кражбата.
„Точно е, украден ми е мобилниот телефон и цел ден не можам да се смирам. Не можам да верувам дека ми се случи такво нешто во град каде што настапував пред 3 000 луѓе. Вечерта започна во одлична атмосфера и телефонот го оставив кај ДЈ-от. Кога го завршив блокот доста луѓе пристигнаа да се сликат, а кога се свртев да го земам мојот телефон, го немаше, вели пејачот.
Тој истакна дека го земал микрофонот и се обратил на публиката и културно замолил да му го врати мобилиниот, но ништо.
По некое време тој повторно го земал микрофонот и нервозен почнал вулгарно да се изразува, но крадецот не го вратил мобилиниот.
„Газдата на дискотеката е сериозен човек.Се е покриено со камери и самиот сум изненанден од ситуацијата. На камерите се се гледа, ќе се дознае името и презимето на личноста која си дозволи да се игра со мојата приватност. Не се плашам од ништо и ќе ја истерам правдата до крај само затоа што не заслужив некој така да се однесува со мене кога дојдов на луѓето да им приредам убава вечер, вели Шако.