Радио Милева емотивно

Шакира со силна порака во Новата 2023-та: „Раните се уште се отворени, солзите не се за на отпад“

Шакира со силна порака во Новата 2023-та: „Раните се уште се отворени, солзите не се за на отпад“

Славната пејачка Шакира ѝ се обрати на јавноста во текот на првиот ден од 2023 година и упати, како што изгледа, никогаш помоќна порака откако се раздели од невенчаниот сопруг Жерар Пике.

„Иако раните и во оваа нова година ни се отворени, времето лекува сè. Дури и доколку некој нè предал, мораме да продолжиме да веруваме. Соочени сме со презир, продолжете да се цените себеси поради тоа што добри луѓе има повеќе отколку непристојни. Повеќе има емпатични луѓе отколку нечувствителни луѓе. Помалку од нив си заминуваат од нас, а повеќе остануваат покрај нас“, пишува во пораката на Шакира, а потоа продолжува:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Нашите солзи не се за на отпад, тие ја полеваат земјата на која ќе се раѓа иднината и ќе нè направи подобри луѓе, дека и покрај скршеното срце можеме да продолжиме да сакаме“, заклучила Шакира во својата новогодишна порака која ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм.

Со оглед на тоа што 2022 година ја одбележа нејзиното бурно, семејно разделување со Пике со кој 12 години живееше во вонбрачна заедница, многумина зборовите на Шакира ги прочитале меѓу редови, па протолкувале дека токму тие се однесуваат на таа ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Медиумите пишуваа за тоа дека Пике ја изневери Шакира, а фудбалерот наводно го прекршил и договорот со пејачката. Имено, наводниот договор меѓу поранешниот пар бил една година по раскинување да не треба јавно да се појавуваат со нов партнер, што Пике го прекршил со оглед на тоа што јавно бил виден со новата девојка, Клара Чиа Марти.

Поранешниот пар неодамна после маратонските преговори се договорил околу старателството над синовите Милан и Саша. Децата ќе бидат со мајка им во Мајами, а татко им ќе може да ги посети кога и да посака.

фото:Инстаграм

To top