Шакира добива целосна поддршка од семејството за време на својата музичка турнеја. На најновиот концерт во Калифорнија, 41-годишната пејачка со порака и песна му го честиташе роденденот на својот татко Вилијам кој седеше во публиката покрај нејзините две синчиња.
„Денес е 87-миот роденден на мојот татко. Среќен роденден тато! Му благодарам на Бог што беше покрај мене сите овие години и што сè уште си, поддржувајќи ме во мојата кариера и во животот, што ми даваше совети и ми подаваше рака. Те сакам многу татичко“ – вака музичката ѕвезда му го честиташе роденденот, по што му ја запеа „Happy Birthday“.