Радио Милева обични луѓе

Шакира: „Не ги терам децата дома да ја слушаат мојата музика“ (ФОТО)

Шакира: „Не ги терам децата дома да ја слушаат мојата музика“ (ФОТО)

Шакира и долгогодишната љубов, фудбалерот на Барселона  Жерар Пике ги имаат синовите Саша(5) и Милан(8). Иако таа и нејзиниот партнер се меѓународни супер ѕвезди, Шакира зборувала за тоа како се обидуваат да го одржат семејниот живот одвоен од статусот на славни личности со „ET Canada“.

Не ги терам да ја слушаат мојата музика“, рекла таа. „Се обидувам да избегнам да пуштам своја музика дома“. Дома, таа и Пике се обидувале да создадат што е можно повеќе „нормална атмосфера“ за своите синови, раскажала Шакира.

„Не можам да одречам дека не можат да избегаат од реалноста дека јас сум јавна личност, како и нивниот татко“ – вели таа.

„Но, ние се обидуваме да обезбедиме што е можно повеќе нормалност и да живееме навистина како многу едноставни луѓе“.

фото:Инстаграм принтскрин/shakira

To top