Можноста за договор е отворена до самиот ден на судењето, но Шакира веќе донела одлука.
Светската музичка ѕвезда Шакира, која годинава се раздели од фудбалерот Жерар Пике по десет години заеднички живот, ќе оди на суд за затајување данок.
ПР тимот на Пејачката објави дека Шакира го одбила договорот што и го понудило обвинителството и решила да помине низ процес на судско решавање на спорот.
Шакира е обвинета дека ја измамила шпанската влада за даночно затајување во износ од 14,5 милиони евра.
„Таа е сигурна во нејзината невиност и одлучи да го остави случајот на законот“, се вели во соопштението на нејзиниот тим.
Во 2018 година, шпанското обвинителство ја обвини Шакира за затајување данок, тврдејќи дека таа не ги платила приходите остварени од 2012 до 2014 година. Доколку биде прогласена за виновна, се соочува со парична казна и затворска казна.
Да потсетиме, неодамна објавена веста дека Шакира и Пике кои имаат два сина Милан и Саша се разведуваат, а тоа го потврдија на почетокот на јуни.
„Жалиме што мораме да ве информираме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството“, напиша тогаш Шакира.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/shakira/Гуилјауме Хоркауело