„Acróstico“ е насловот на новата песна на Шакира, а ѕвезди на видеоспотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат заедно со нивната мајка и свират клавир.
Пејачката им ја посветила оваа песна на своите деца, а видеото вклучува и низа исечоци и фотографии од нив кога биле бебиња.
View this post on Instagram
„Милан оваа година напиша песни кои ме доведоа до раб на емоции, а Саша со часови свиреше клавир. И двајцата беа покрај мене во студиото и откако ја слушнаа оваа песна посветена на нив, ме замолија да бидат дел од неа“, открила колумбиската ѕвезда на Инстаграм.
„Милан и Саша, толку е убаво што ве гледам како ги ширите крилјата и започнувате да ги остварувате своите соништа. Ништо не ме исполнува повеќе од тоа дека сум ваша мајка“, додала Шакира.
За потсетување, Шакира привлече големо медиумско внимание со хитот „BZRP Music Sessions #53“ во кој проговори за неверството на поранешниот партнер Жерар Пике. Таа ја прозва неговата нова девојка Клара Чиа Марти и без задршка зборуваше за пропаднатата врска и своите чувства.
фото:Јутјуб принтскрин