„Шакира и Жерар Пике раскинаа“, гласеше веста која ги разочара фановите на познатиот пар, па дури и ги изненадила, иако претходните години имаше гласини дека нивната врска е цврста и дека цвета.
Дали навистина е точно дека познатиот пар ја раскина нивната врска?
„Жал ни е што потврдуваме дека раскинуваме. За доброто на нашите деца кои се нашиот главен приоритет, ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодарам на разбирањето“, гласи соопштението на Шакира и Пике, а го пренесува агенцијата „EEF“.
Сигурно после ова жалат сите оние на кои овој пар им беше омилениот тандем од светската јавна сцена. Уште една љубовна приказна од светскиот шоу-бизнис доживеа крај.
Иако прво се пишуваше дека причината за раскинувањето е неверството на фудбалерот и тоа со мајката на неговиот соиграч Гави, „El Periodiko“ ја пренесе веста дека Пике се гледал со непозната млада русокоса (20) која е студентка и хостеса во Барселона.
Шакира, на која ѝ пречеле ноќните излегувања на Пике со помладите соиграчи после кои дома се враќал рано наутро, ја дознала аферата затоа што нивните дружења станале почести.
Шакира и Пике ја делеа љубовта повеќе од една деценија, а ги имаат синовите Милан и Саша. Пејачката последните неколку години се борела со депресија, но и со обвиненија за затајување на данок од милион долари. Сепак, таа успеала да се врати на музичката сцена и да добие голема поддршка од своите колеги.