Настапот на Лејди Гага и Бредли Купер на Оскарите е главна тема во сите светски медиуми, а шпекулациите за нивниот вистински однос не престануваат.
Така се шпекулира дека тие се повеќе од пријатели и дека на забавата по доделувањето на „Оскарите“ не се разделувале и дека ја игнорирале девојката на Купер, Ирина Шајк.
Во сите овие шпекулации, Бредли и Ирена се фотографирани заедно, а на фотографијата не изгледаат расположено.
Причина за тоа може да биде и коментарот од поранешната сопруга на Купер на објавата на Дејвид Спејд.
„Има ли шанси овие двајца да немале секс“ напиша комичарот во објавата, додека Џенифер напиша само “ха“.
Џенифер и Бредли биле во брак од 2006 до 2007 година.