Радио Милева
мултиталент со спортска душа

Шабан да не беше пејач, ќе бил фудбалер или боксер: Другата страна на кралот на фолкот

Шабан да не беше пејач, ќе бил фудбалер или боксер: Другата страна на кралот на фолкот

Покрај музиката, Шабан бил многу талентиран и за спорт. Тренирал фудбалот во Борац и Мачва, а имал повик и да му се приклучи на бугарскиот клуб Левски од Софија.

Постои една анегдота од една ромска свадба во Париз, кога на истата го повикале да пее. Видел едно момче од 13 години како шутира топка и му се придружил. По еден час белите костуми на обајцата им биле зелени тревата, а во играта ги прекинала мајката која го повикала момчето да одат по невестата, бидејќи, како што подоцна Шабан дознал, малиот всушност бил младоженецот!?

Шабан оддамна е член на националниот естраден фудбалски тим. Тренирал и бокс и бил сигурен дека еден ден ќе стане професионален фудбалер или боксер.

Сепак, стрико му Алија сметал дека може да заработи повеќе пари како музичар. Еднаш го поканил да пее во едно кафеана, каде што стрико му  се проведувал со другарите. Бидејќи Шабан го сметал за голем авторитет,  не се осмелил да го одбие. Почнал да ја пее песната “Јаблани се повијају” и ја наполни кафеаната. Продолжил да пее и таму да доаѓа со пријателите на пиење, по што напишал многу од песните што ќе останат по него да живеат и  со нив да се веселиме и тагуваме.

Навивал за Црвена ѕвезда, во која на едно време играше неговиот внук Лука Аџиќ, кој сега е член на белгискиот фудбалски гигант Андерлехт. Но, Шабан го сакаа и навивачите на Партизан. Шабанов зет е  Зоран Бата Мирковиќ, сегашниот тренер на фудбалерите на Партизан.

Останати вести од Радио Милева