Радио Милева

„Сфатив дека немам зборови“: Ања Ветерова јавно го прокоментира евровизискиот тим

„Сфатив дека немам зборови“: Ања Ветерова јавно го прокоментира евровизискиот тим

Следната недела започнува 64-то издание на избор на песна на „Евровизија“.

Македонскиот тим и македонската претставничка  на Евровизија веќе неколку дена се во Тел Авив, Израел каде што течат крајните подготвоки за втората полуфинална вечер.

Пред некој ден претставниците на земјите – учеснички ги имаа првите проби, а меѓу нив и Тамара Тодевска со песната „Proud“.

По нејзината прва проба, на социјалните мрежи имаше само позитивни коментари за Тодевска, а за тоа повеќе може да прочитате тука.

Евровизискиот тим доби пофалби и од јавните личности меѓу кои Калиопи, Каролина, Тијана….

Овој пат сите се согласуваат во едно: дека Македонија конечно има добар  сценски настап, а уште и подобра песна, и дека ќе имаме на што да бидеме горди.

фото: Принтскрин/инстаграм

Ања Ветерова не се штедеше на зборови, па и таа јавно му поласка на евровизискиот тим.

„Тамара овие неколку дена ги собирам импресиите од твојата прва проба. Сфатив дека немам зборови. Секоја чест на интерпретацијата и едно огромно браво на тимот зад сцена. Мислам на Даре, Роки, Ношпел и доктор Арменд.

Ти посакувам да го постигнеш најголемиот успех на Евровизија кој Македонија го имала бидејќи заслужуваш. Едвај чекам да те видам на сцена како сјаеш. Со среќа“ напиша Ветерова на „Инстаграм стори“.

фото: Принтскрин/ањаветерова

По првата проба на Тодевска во облажовалниците таа се наоаѓа меѓу првите.

Инаку, зад текстот на евровизиската песна се потпишуваат Коста Петров и неговата сопруга и дело на авторскиот тим  Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Тамара истакна дека на Евровизија ќе пее за нејзината ќерка Хана.

фото: Принтскрин/инстаграм

Останува да ја следиме нејзината изведба во втората полуфинална вечер на 16 мај.

To top