Северина Вучковиќ има тужби на кои не им се знае точниот број, а откако беше осудена за навреда на социјален работник и процесот што го има со нејзината сестра Маријана Поповиќ, денеска е на суд за навредите кои му ги нанела на поранешниот емотивен партнер.
Северина заврши во судницата на Кривичниот суд во Загреб, каде против неа се води судскиот процес затоа што го нарече својот поранешен партнер Милан Поповиќ „ѓубре“ и „смет“.
Овој инцидент се случи во 2021 година кога Северина на Милан му испрати мејл со навредлива содржина, поради што стана предмет на тужба.
Инаку, рочиштето почна денеска во 9 часот и сѐ уште трае.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Инсајдер