Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и дека за корона е тестиран и нејзиниот син Александар, кој добил негативен резултат. Таа му го предаде својот син на неговиот татко за да се само-изолира со него.
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивен за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и во договор со него, му го предадов два дена пред назначениот датум, за да спроведам самоизолација.
Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го прашав и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум заразена на една „забава во Далмација“, на која со мене беше и моето дете.
Имено, медиумите шпекулираат дека Северина наводно инфекцијата ја добила на журка на една од плажите на хрватскиот остров Брач. Со Северина бил и нејзиниот син Александар, кој за среќа на тестирањето се покажа дека е негативен.
Она што се забележува е дека Северина не носи маска. Се разбира, веднаш се поставува прашањето дали таа се заразила со корона на оваа забава или не?