Радио Милева

Северина за свекорот и свекрвата: „Тие се најдобри на светот“ (фото)

Северина за свекорот и свекрвата: „Тие се најдобри на светот“ (фото)

Хрватската пејачка Северина веќе некое време е многу емотивна и на социјалните мрежи објавува постови со емотивни пораки.

Овој пат, Севе објави фотографија со својот свекор Драган Којиќ Кеба и свекрвата Оља со кои имаа одличен однос.

„Оља и Драган, најдобрата свекрва и свекор на светот. Денес не носеа на ручек кај Мика. Моето семејство во светот на неизвесност, љубов и поддршка. Прекрасно е што ги имам“ напиша Северина на социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм

По оваа објава, Северина откри како едно патување потполно ја променило.

„Ова е фотографија од едно патување, кое требаше да биде туристичко, но се претвори во патување кое ве променува, можам да кажам: „Ти благодарам животе, што ме прати овде или што некој ме покани. Нема трето…(иако ова е најскромната верзија на се што доживеав“, пишува пејачката.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Северина неодамна помина низ тежок период кога судот во Загреб донесе привремена одлука со која се одлучува таа привремно да го изгуби старателството на синот.

To top