Музичките ѕвезди од регионот ги почитуваат мерките за заштита од короната и се наоѓаат во изолација во своите домови.
Иако тие ги откажаа своите настапи во дискотектите, салите, двораните, пејачите прват концерти од своите домови.
Македонската дива Калиопи Букле беше една од првите македонски пејачки која се сети да се вклучува во живо на „Инстаграм“ и да се дружи со фановите, но и со колегите.
Така во синоќешниот лајв на пејачката се јави хрватската пејачка Северина која се наоѓа во изолација во домот на Кеба во Белград.
„Ти си жена со најубав глас и најубаво лице на светот. Ја поздравувам Македонија, се надевам дека сте во своите домови, се надевам дека уживате во овој божанствен глас, кој е роден на вашите простори, една и единствена. Многу ми е драго што ми се јави“ вели Северина и истакна дека има едно изненадување за Опи.
Имено, во лајвот се вклучи и Кеба, колегата и пријател на македонската пејачка, па ја запеа неговата песна „Икона“.
Keба ја пoздрави Македонија и заедно со Северина ја отпејаа песната „Битола мој роден крај“, а овој гест ја расплака Опи.
Како тоа изгледаше погледнете во видеото подолу.