Радио Милева

Северина со еден потег на социјалните мрежи покрена шпекулации дека се разведува

Северина со еден потег на социјалните мрежи покрена шпекулации дека се разведува

Северина на својот „Инстаграм“ го избриша презимето Којиќ, па веднаш започнаа шпекулациите дека меѓу неа и Игор нешто не е како што треба.

Имено, пред да го избрише презимето Којиќ, Севе на едно доделување на награди се појави без својот сопруг.

фото: инстаграм

Веднаш започнаа шпекулациите дека парот има проблеми, а бришањето на презимето уште повеќе ги зголеми шпекулациите.

„Севе дојде сама за да ја земе наградата, а сите беа изненадени бидејќи Игор не се разделува од неа. Дека меѓу нив не е како што треба потврдува и тоа кога ја праша Северина за Игор, а таа одговори: „Не дојде со мене“. Иако се случуваше некогаш заедно да не се појават на некој настан, цело време беа на телефон, а овој пат тоа не беше случај“ вели извор кој бил на лице место.

фото: инстаграм

Меѓутоа, Севе и понатаму го следи Игор на „Инстаграм“.

За потсетување, пред некој месец судот во Загреб и го зема старателството на Северина за синот Александар кој пејачката го доби од бракот со Милан Поповиќ.

To top