Српските медиуми деновиве пишуваа дека Северина не е во можност да ја плаќа ратата за кредит во вредност од 2000 евра месечно.
Поради тоа, банката ја активирала хипотеката и наводно доколку пејачката не го плати долгот во рок од 15 дена ќе и биде земен станот во Загреб.
Се пишуваше дека и пејачката има се помлаку настапи и дека пее за помали хонорари.
„Ве известувам дека информацијата која е објавена е неточна, така да настана како резултат на негативен медиумски публицитет, на кој некои поединци работат подолго време“ соопштија од ПР службата на Северина.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.