Во емисијата „Во свој филм“ гостинка беше пејачката Северина која проговори за деталите за судењето со поранешниот сопруг Милан Поповиќ и борбата околу старателството на синот Александар.
На прашањето како се носи со последиците и околу борбата за старателството, Северина изјави.
„Тоа е тешко. Пет години се мачам и одам по разни институции. Не сакам да разговарам за причините. Последните години не сум на телевизија бидејќи се посветив околу грижа на детето, но одлучив да проговорам. Тоа се теми за кои треба да се зборува. Немам доверба во институциите иако верувам во судот. Но,некои наши социјални служби воопшто не работат. Не се виновни бившите партнери туку институциите кои тоа го дзоволуваат“ вели пејачката.
За потсетување, пред да биде одржено последното рочиште во судот во Загреб за старателстовто на синот на Северина и Милан, пред домот на бившиот сопруг на пејачката беше пронајден сомнителен предмет.
Според тврдењата на српскиот портал „Телеграф“, Милан тврди дека предметот го оставил сопругот на Северина, Игор Којиќ.
На оваа вест реагираше и Северина која ја објави насловната страница и ги прокоментира овие пишувања.
„Во судската борба за своето дете, од неговиот татко добив разни епитети и статус убиец. Причината е едноставна. Таткото не успеа веднаш да добие и сега е незадовоелн од хрватските судови и лут од вчерашното судење, во јавноста пушти вест за обид за убиство од мене со помош на мојот сопруг Игор. Не сум убиец и нема тоа да станам, јас сум само Северина која не се лути на некои поединци, на составот кој не функционира, дозволува да прават што сакат благодарение на парите…“ напиша Северина.