Северина Којиќ објасни дека не е важно колку чини парчето гардероба што го носиш, туку е важен стилот на облекување. Пејачката признала дека во едно од нејзините видеа носела 2 фустани кои чинат помалку од 20 евра, и дека во нејзината гардероба нема само брендирани парчиња.
Комбинирањето на ефтини и скапи работи е моја специјалност. Во еден мој спот носев два фустани кои ги платив нешто помалку од 20 евра. Кога станува збор за облекувањето, никогаш не гледајте колку чинат. Важен е стилот, а не вредноста. Убаво е ако можете да купите скапи работи, но предрасуда е дека мојата гардероба, како и вашата мора да биде брендирана. Jас сум Северина, моето име е звучно, дури и не морам ништо да облечам (се смее).
Северина признава дека не е највешта готвачка, но и тоа дека сепак не и тешко да готви за сопругот Игор и синот Александар.