Пејачката Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Милан Поповиќ на 13 јуни требаше да се појават во судот во Белград поради еден спор во медиумите.
Иако Северина го прими повикот за сослушување, таа не се појави, а како објаснување наведе дека има работни обврски.
Меѓутоа, додека во судницата се пишуваше записникот Северина одмараше на море и тоа на островот Крк. Доказ за тоа е заедничката фотографија на Северина и сопругот која ја објави на Инстаграм во истиот период.
Од оваа фотографија, многумина можат да заклучат дека Севе немала работни обврски, туку не сакаше да се појави на суд.
„Додека ја очекуваа на суд, Северина уживаше на Крк“, вели извор близок на пејачката. Со ова Северина го измами српскиот суд, како што на почетокот на годината ги измами и хрватските медиуми.
За потсетување, хрватската пејачка на 1 февруари требаше да се појави на суд, но побара одложување на судењето со објаснување дека мора да оди на пат.
Меѓутоа, папарацо ја сликаше истиот ден пред нејзината зграда во Загреб. За да биде поубедлива, Севе тогаш објави и фотографија пред да влезе во авион, како наводно заминува на пат, а таа беше во нејзиниот дом во Хрватска.
фото: зоран илиќ/горан срданов