На Северина Вучковиќ, која долги години се бори за старателството над синот Александар со поранешниот сопруг Милан Поповиќ, ѝ беше забрането да објавува фотографии со него на социјалните мрежи.
Имено, во 2019 година, Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе одлука Северина да ги избрише сите фотографии со синот од социјалните мрежи, како и да не ги објавува повеќе, а до сега таа се придржувала до тоа.
Сепак, пејачката на Инстаграм сподели две слики со синот Александар со кој била на кино.
– Уживање во 90 минути чиста, неизвалкана емоција. Филмот „Летото кога научив да летам“ нè потсетува на детските грижи со слатката Софија, која беше на летен одмор со баба и. Драги родители, однесете ги вашите деца во кино. Затоа што децата можат се! За нас двајца киното е задолжително читање, но на екран. Децата се мали луѓе кои треба да ги слушаме и молчиме . Искрено и спонтано. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме – напиша пејачката во описот на фотографиите со синот, кој со широка насмевка на лицето позира покрај мајка си.
Да потсетиме, Северина го доби Александар од врската со српскиот претприемач Милан Поповиќ, а неодамна пејачката се најде во фокусот на јавноста поради расправија со нејзината сестра Маријана, со која се скарала во домот на нивната мајка Ана.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Северина