Пејачката Северина Којиќ со месеци живее во фокусот на јавноста како поради скандалот со експлицитните фотографии, поради тоа дека наводно се разведува, како и дека е бремена.
Меѓутоа, последните денови се шпекулира дека не се појавила на концертот на Кеба поради наводната блажена состојба.
Северина не се огласуваше по поводот разните гласини се до сега, кога им се обрати на своите следбеници на Инстграм со објаснување:
-Драги мои, сега морам да ви ја кажам вистинската причина зошто доцнам со овој албум. Ете затоа што сум слаба на песните. Се беше однапред готово (требаше да излезе уште во шести месец) а тогаш двајца свемирци по име Тончи Хулиќ и Јала Брат, како незадолжително, само да слушнам, пратија уште две песни…Како да одолееш на добри песни? Никако. И затоа албумот излегува на 01.02. а и „Као“ излезе на тој датум. Па, нека ни е со среќа, напиша Северина.
Сепак, пејачката откри дека нејзиниот нов албум ќе донцни, а светлоста на денот ќе ја здогледа во февруари наредната година.
фото:инсатаграм