Пејачката Северина постојано се наоѓа во проблеми, иако во јавноста се труди да се прикаже во друго светло.
Како што пренесува порталот курир.рс Моментално најголем проблем и тоа што пред осум месеци земала кредит за снимање на новиот албум, а сега тој кредит не може да го врати на банката.
„Познато е дека Севе не знае да располага со парите. Троши повеќе од што заработува. Во текот на 2018та година имаше многу настапи во регионот, но не штедеше од парите. Кога дојде време да снима нови песни и спотови, мораше да се задолжи. Пред осум месеци зема кредит во една банка во Загреб, а како гаранција беше нејзииот стан. Првите пет месеци се беше во ред, можеше да плаќа, но во последните три месеци не плати ниту една рата. Најверојатно немала настапи, па не можеше да заработи доволно пари бидејќи има уште еден кредит. Не знам колку изнесува рата, но се зборува дека станува збор за 7 000 евра. Во главно, од банката каде што поднесе кредит ја информираа дека ќе активираат хипотека доколку во рок од 15 дена не го плати долгот“ вели извор близок на пејчаката.
Блиските пријатели на Северина веруваат дека таа ќе успее да се извлече од оваа ситуација.
„И порано имаше вакви епизоди. Но, секогаш беше тука нејзиниот менаџер да направи нешто за неа. Овој пат ќе мора да го среди сама, бидејќи ни нејзиниот сопруг Игор не е многу вешт да раководи со парите. Мислам дека проблемите на Северина започнаа откако ја прекина соработката со менаџерот. Тој се противаше таа да земе нов кредит, бидејќи знаеше како стојат работите. Каматата е 15%, што воопшто не е поволно. Северина дури сакаше да земе кредит и преку неговата фирма, но менаџерот не сакаше да слушне за тоа“ вели соговорникот за курир.
Северина не огласи по повод овие пишувања.