Регионалните медиуми пишуваат дека дошол крај на бракот на Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ, па наводно пејачката сега повторно е заљубена и е во емотивна врска со сопственикот на винарија, Томислав Воштиниќ.
Имено, медиумите пишуваат дека наводно Севе и Игор не се виделе шест месеци.
Тие се уште се следат на социјалните мрежи, но подолго време не објавуваат заеднички фотографии и последен пат комуницирале за роденденот на Игор.
Се зборува дека хрватската е во врска со 10 години помлад сопственик на винарија.
Во текот на септември, Северина ги однесе своите пријатели во винаријата на Томислав, а тој тогаш не се фотографирал со нив.
Во таа прилика Северина позираше во црвен фустан, а друштво и правеа нејзините блиски пријатели односно нејзниот менаџер, нејзиниот ПР теам, докторката Наташа Десниќ со која интезивно се дружеше во текот на летото и внуката Миа Поповиќ.
Во врска со наводната љубовна врска меѓу Северина и Томислав, се огласи и ПР службата на хрватската пејачка.
„Со оглед на вашето прашање, сакаме да кажаме дека се работи за пријател од поширокиот круг на друштво на Северина, во чија винарија се одржа настан на кој присуствуваше и самата Северина. На овој начин ги демантираме нагодувањата за било каков друг вид на однос“ велат од тимот на Севе, а пренесува „Слободна Далмација“.
По овие шпекулации за хрватските медиуми се огласи и Воштиниќ:
„Леле, глупости. Не ме прашувајте воопшто, смешно ми е“, изјави тој.
Кога го прашале дали ја познава пејачката, тој одговорил:
„Се’ e океј, ајде чао“, заклучува Томислав.