Поп ѕвездата Северина којиќ одлучи да купи јахта, за која е подготвена да плати 250 илјади евра. Таа и сопругот Игор Којиќ решија да се почестат со луксузно пловило со кое планираат да крстарат по Јадранот.
На брачната двојка и се допаднал моделот „cranchi Z35“ кој чини 244.500 евра, долг е 11,5 метри, а може да прими 20 луѓе.
-Северина и Игор одлучија да купат јахта. Ова лето сакаат да се опуштат и да уживаат заедно со синот на Северина, Александар. Бродот моментално се гради во Италија и треба да им биде испорачан кон крајот на месец мај, открива близок извор за српски Информер.