Одвреме-навреме се откриваат тајните врски на јавните личности. Некои љубови заминаа во историјата, а тоа е случајот со Горан Бреговиќ и Северина Вучковиќ. Според српски Курир, тие двајца биле интимно блиски од 2006 до 2008 година, кога познатата пејачка го снимила нејзиниот албум „Здраво Маријо“ со кој доживеала голем успех.
„Малкумина знаат дека тие двајца тогаш биле во тајна врска. Северина била фасцинирана од Бреговиќ. Во принцип, таа сака уметници кои создаваат музика. Знаете зошто, бидејќи тој знае дека ако и направи хит, а таа е главна. Тогаш не се одвојуваше од Брега. Нон-стоп беа заедно. Сакаа – не сакаа, се роди емоција. Вистина е дека тие се пред се пријатели и соработници, но заедничката работа на албумот толку ги зближи што ја минаа границата. Па кој би можел да и одолее на госпоѓица Вучковиќ?“ – вели соговорникот, кој е добро упатен во животот и делото и на Горан и на Северина.
Според неговите зборови, Северина му должела на Брега, околу 50.000 евра, но играла на карта дека долгот ќе и биде отпишан од две причини: затоа што биле во врска, но и поради фактот дека Бреговиќ со тие песни заработил големи хонорари од авторски права.
„Не го прецизираа добро тој деловен и приватен однос. Севе беше сигурна дека тоа е регулирано бидејќи се во блиски односи и дека парите не треба да бидат примарни. Сепак, Бреговиќ не гледаше така. Љубовта и емоциите се едно, но деловната соработка е нешто друго. Тој албум помина фантастично, излегуваше хит по хит, па мислеше дека не треба ни да му плати бидејќи Брега веќе заработила доволно од авторските права“ – вели нашиот изворот. Арно ама…
Фото: Инстаграм принтскрин/severina