Хрватската пејачка Северина Којиќ неодамна на социјалните мрежи го избриша презимето Којиќ, па во медиумите веднаш започнаа шпекулации дека парот наводно се разведува и дека во нивниот брак не им цветаат ружи.
По овие шпекулации, Којиќ на социјалните мрежи објави фотографија како моментално ужива со семејството во Белград.
„Еден обичен понеделник. Време е за семејстовото“ стои во описот на фотографијата.
Меѓутоа, оваа фотографија не настанала на датумот кога Севе ја објави односно 17 февруари, туку фотографијата е од септември 2018 година.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/Screenshot_3-28.jpg)
Имено, кај Игор на неговиот „Инстаграм“ профил се наоѓа фотографија која настанала кога семејството Којиќ славеше роденден. Оља е во иста модна комбинација само што фотографијата на Којиќ е од 2018 година.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/Screenshot_4-24.jpg)
Во позадината на фотографијата се наоѓа и момче кое е во џемпер кој се гледа и на фотографијата на Игор, па јасно дека истата настанала во 2018 година.
За потсетување, Северина неодамна на едно доделување на награди се појави без сопругот кој најчесто и прави друштво на пејачката, па тоа уште повеќе ги зголеми гласините дека нешто не е во ред со нивниот брак.